studentski praksi makedonija

Работам на проект за Microsoft! – Искуството на Маја во Унгарија

Запознајте ја Маја Пецева, девојката која веќе 6 месеци работи како Retail Incentive Transaction Specialist во Будимпешта, Унгарија. Да се биде дел од интернационална компанија како млад човек не е лесно, но е едно незаборавно искуство. Способноста да биде дел од две гигантски корпорации, дефинитивно ги издигнува нејзините квалитети и вештини над другите нејзини врсници!

 

1. Ако прашаме твој близок нешто за тебе, што ќе ни каже? :) 

Трудољубива и спремна во секој момент да научи нешто ново и да им помога на другите. Имам стекнато големо животно искуство за време на мојата волонтерска работа и хуманоста ме мотивира да бидам подобра личност секој ден.  Љубител сум на природата и нејзин заштитник, и беше една од причините за моите студии на Машински Факултет на смерот Енергетика и Екологија. По завршувањето на студиите се посветив на хуманитарната работа и имав работни ангажмани во неколку институции.  Потоа ги продолжив на истиот факултет но направив мала промена во мојата кариера. Се запишав на Менаџмент на животен циклус на производ, на програма каде што научив како да гледам на работите од друг агол и да им пристапувам на проблемите со конкретно решение. Стекнатотот знаење од овие студии ми помогна многу при обавување на праксата тука во Будимпешта.

 2.  Моментално си на професионална пракса во компанија преку AIESEC, на програмата Global Talent. Кажи ни нешто повеќе!

Кога започнав да аплицирам за пракса пред скоро една година битно ми беше само да добијам пракса надвор од Македонија, поради желбата за интернационално искуство. На моја среќа ме примија на пракса во Tata Consultancy Service во Будимпешта и сега работам на проект за Microsoft. Сѐ се случи премногу брзо, имав неколку интервјуа, ја добив праксата и морав за две недели да се спакувам и преселам во Унгарија! Немав целосна идеја каде ќе работам, дали компанијата е добра и како ќе се снајдам, но одлучив да го прифатам предизвикот без многу размислување затоа што го сакав ова искуство во мојот живот. И сега после скоро седум месеци благодарна сум си на самата себе за одлуката која ми го промени животот :)

 

studentski praksi makedonija

 3. Опиши ни еден твој работен ден во Унгарија! :)

Секојдневна борба е да се фати метрото на време и да се стигне на пракса! :) Секој нов ден е нов предизвик за решавање проблеми во мојот проект и комуникација со клиентите. Веќе шест месеци ја обавувам праксата и можам слободно да кажам дека до сега ниту еден ден не ми било досадно или сум немала што да правам. Статусот практикант тука има поинакво значење. Како практикант се соочувам со истите обврски и работни задачи како и фул вработените. Работам во канцеларија со околу 14 различни националности од кои преовладува Латинска Америка. Најголем предизвик ми е да го усовршам јазикот и до сега одлично напредувам.

4. Што ти остави најголем впечаток работејќи во интернационална средина?

Интернационалното искуство е нешто што подолго време го посакував и конечно се реализираше. Нема ништо поубаво од фактот дека имам пријатели од секој контитент. Само во мојот проект имам колеги од 14 различни земји. Секој ден е нов час по размена на култури. Интересно е секој миг кога ќе воочиме дека без разлика на културните разлики, начинот на живот и далечина имаме исти изрази за некои работи. На пример, никогаш не би помислила дека во Латинска Америка имаат исто мислење за отворање чадор во затворена просторија – лоша среќа. Најголем предизвик и бенефит истовремено е што никој не се замара со навиките или начинот на живот на другиот. На крајот од денот сметаме дека е само нормално однесување во културата на другиот.   

 

studentski praksi makedonija

 

5. Како ова искуство те промени? :)

Покрај животното искуство, најголем бенефит е паралелното работење за две компании. Мојата матична компанија е ТАТА, меѓутоа давам поддршка за Microsoft. Секојдневно комуницирам со вработените од Microsoft и нивните клиенти во поглед на решавање проблеми и тестирање производи. Способноста да бидам дел од две гигантски корпорации и да обавувам работни обрски ги издигнува моите квалитети и вештини над другите мои врсници. ТАТА ги вреднува квалитетите на вработените и го цени секој вложен труд :)

studentski praksi makedonija