Како до платена пракса во странство?

Идеалната приказна би била онаа каде завршуваш факултет и веднаш се вработуваш. Но, реалниот свет не функционира така. Денес компаниите бараат многу повеќе од онаа просечност на која се научени студентите. Тоа може да биде во форма на волонтирање, некакво практично искуство или работа во интернационална компанија. Сепак сите ги сакаат најдобрите таленти во својот тим, нели?

Младите во Македонија многу често се прашуваат како можат да дојдат до некакво вредно и практично искуство кое компаниите го бараат, а тоа да е работа од нивната позадина на студии или интереси.

Звучи супер, но како да стигнеш до ова?

Постојат 3 типа на пракси преку AIESEC: волонтирање на проекти, работа во компанија и работа во стартап.  Во овој блог пост  сакаме да ставиме акцент на Global Talent праксите - професионални платени пракси, односно работа во компанија.  Доколку си на возраст од 20 до 30 години и ти треба практично искуство соодветно на твоите интереси, овој тип на пракса е изборот за тебе.

 

plateni praksi makedonija

1. Стартувај од негде

Свесни сме дека не е лесно да се одлучиш на ваков чекор, но младите низ светот и кај нас ова го гледаат како одлична можност да стекнат вештини кои во моментот се бараат.

Процесот на пребарување на пракса која можеби е пресудна за твојата иднина е многу едноставен. На платформата aiesec.org можеш да пребаруваш илјадници можности на платени пракси во преку 100 држави и територии. Работиш во интернационална компанија со луѓе од цел свет без разлика на твојата позадина на студии.  Секоја пракса е различна и уникатна, а времетрањето може да биде од 3 – 18 месеци.  Замисли го твоето CV после едно вакво искуство? : )

2. Аплицирај

Откако ќе направиш Sign Up на aiesec.org платформата, си го креираш твојот профил. Нашиот тим е секогаш тука за секое твое прашање. Можеш да аплицираш на повеќе пракси кои сметаш дека се соодветни за тебе.  Всушност, и самиот профил ти кажува која е идеалната пракса, светка како семафор од зелено до црвено!

3. Започни да се пакуваш

Откако ќе те примат на пракса, твојата авантура започнува тука. Ова е делот каде потребните документи ти се спремни и само чекаш да дојде датумот кога ќе почнеш со работа. Сепак сметаме дека работа во глобални компании како PwC, Electrolux или DHL е искуство кое ништо не може да го замени! : )

Global Talent праксите не се било какви пракси. Стекнуваш реални вештини кои се бараат во моментот и иако ја имаш титулата практикант, сепак работиш и заработуваш.
Во нашиот претходен блог пост можеш подетално да прочиташ како изгледа едно искуство на практикант од Македонија во една глобална компанија : ) Со среќа!

plateni praksi makedonija

 

Работам на проект за Microsoft! – Искуството на Маја во Унгарија

Запознајте ја Маја Пецева, девојката која веќе 6 месеци работи како Retail Incentive Transaction Specialist во Будимпешта, Унгарија. Да се биде дел од интернационална компанија како млад човек не е лесно, но е едно незаборавно искуство. Способноста да биде дел од две гигантски корпорации, дефинитивно ги издигнува нејзините квалитети и вештини над другите нејзини врсници!

 

1. Ако прашаме твој близок нешто за тебе, што ќе ни каже? :) 

Трудољубива и спремна во секој момент да научи нешто ново и да им помога на другите. Имам стекнато големо животно искуство за време на мојата волонтерска работа и хуманоста ме мотивира да бидам подобра личност секој ден.  Љубител сум на природата и нејзин заштитник, и беше една од причините за моите студии на Машински Факултет на смерот Енергетика и Екологија. По завршувањето на студиите се посветив на хуманитарната работа и имав работни ангажмани во неколку институции.  Потоа ги продолжив на истиот факултет но направив мала промена во мојата кариера. Се запишав на Менаџмент на животен циклус на производ, на програма каде што научив како да гледам на работите од друг агол и да им пристапувам на проблемите со конкретно решение. Стекнатотот знаење од овие студии ми помогна многу при обавување на праксата тука во Будимпешта.

 2.  Моментално си на професионална пракса во компанија преку AIESEC, на програмата Global Talent. Кажи ни нешто повеќе!

Кога започнав да аплицирам за пракса пред скоро една година битно ми беше само да добијам пракса надвор од Македонија, поради желбата за интернационално искуство. На моја среќа ме примија на пракса во Tata Consultancy Service во Будимпешта и сега работам на проект за Microsoft. Сѐ се случи премногу брзо, имав неколку интервјуа, ја добив праксата и морав за две недели да се спакувам и преселам во Унгарија! Немав целосна идеја каде ќе работам, дали компанијата е добра и како ќе се снајдам, но одлучив да го прифатам предизвикот без многу размислување затоа што го сакав ова искуство во мојот живот. И сега после скоро седум месеци благодарна сум си на самата себе за одлуката која ми го промени животот :)

 

studentski praksi makedonija

 3. Опиши ни еден твој работен ден во Унгарија! :)

Секојдневна борба е да се фати метрото на време и да се стигне на пракса! :) Секој нов ден е нов предизвик за решавање проблеми во мојот проект и комуникација со клиентите. Веќе шест месеци ја обавувам праксата и можам слободно да кажам дека до сега ниту еден ден не ми било досадно или сум немала што да правам. Статусот практикант тука има поинакво значење. Како практикант се соочувам со истите обврски и работни задачи како и фул вработените. Работам во канцеларија со околу 14 различни националности од кои преовладува Латинска Америка. Најголем предизвик ми е да го усовршам јазикот и до сега одлично напредувам.

4. Што ти остави најголем впечаток работејќи во интернационална средина?

Интернационалното искуство е нешто што подолго време го посакував и конечно се реализираше. Нема ништо поубаво од фактот дека имам пријатели од секој контитент. Само во мојот проект имам колеги од 14 различни земји. Секој ден е нов час по размена на култури. Интересно е секој миг кога ќе воочиме дека без разлика на културните разлики, начинот на живот и далечина имаме исти изрази за некои работи. На пример, никогаш не би помислила дека во Латинска Америка имаат исто мислење за отворање чадор во затворена просторија – лоша среќа. Најголем предизвик и бенефит истовремено е што никој не се замара со навиките или начинот на живот на другиот. На крајот од денот сметаме дека е само нормално однесување во културата на другиот.   

 

studentski praksi makedonija

 

5. Како ова искуство те промени? :)

Покрај животното искуство, најголем бенефит е паралелното работење за две компании. Мојата матична компанија е ТАТА, меѓутоа давам поддршка за Microsoft. Секојдневно комуницирам со вработените од Microsoft и нивните клиенти во поглед на решавање проблеми и тестирање производи. Способноста да бидам дел од две гигантски корпорации и да обавувам работни обрски ги издигнува моите квалитети и вештини над другите мои врсници. ТАТА ги вреднува квалитетите на вработените и го цени секој вложен труд :)

studentski praksi makedonija