Како АИЕСЕК ми помогна мене – Ивана Барбутова

Студент сум во втора година на Економски факултет во Скопје.

За АИЕСЕК дознав  минатата година преку промоција која се одржуваше на мојот факултет, каде што од страна на членовите на организацијата во целост бев информирана за сите можности кои ги нуди АИСЕК.

Се одлучив да аплицирам и да станам член на АИЕСЕК со цел да се оддалечам од монотонијата на секојдневните предавањата и учењето на факултет, а и да ми бидат исполнети деновите. Сепак главната цел ми беше да се развијам како личност, да го пронајдам својот пат во животот и да ги усовршам моите вештини. По поминато интервју, од октомври 2015 сум активен член на АИСЕК како дел од функционалната област Outgoing Exchange. Во оваа област го здобив искуството на EP Manager, што подразбира водење и помагање на практиканти во нивниот процес на барање и аплицирање како на волентерски така и на професионални пракси во странство. Она што најмногу ме исполнува во оваа работа е контактот кој што се воспоставува со потенцијалните практиканти, но и со странските ентитети во другите држави. Прекрасно е чувството кога ќе успееш да му овозможиш незаборавно стекнато искуство на судентот практикант во странство.

12042855_10153724419228623_5691017165457926288_n

Покрај практикантите што ги испраќаме, имаме и практиканти од други држави кои доаѓаат на пракса во нашата држава. Така на пример, ова лето на волонтерска пракса дојдоа практиканти од  Кина, Азрбеџан, Германија, Литванија, Романија и Србија кои работеа на проектот Green Up. Со помош на овој проект тие настојуваа да ги едуцираат децата од Детското Село во Скопје за важноста на животната средина. Покрај нивната работа, тие успеаа и да посетат многубројни турустички места во Македонија, да се дружат со нас, членовите на АИСЕК и да ја откријат нашата традиција, храна, музика и култура.

Сметам дека АИСЕК е организација која на директен и индиректен начин му овозможува на секој негов член да се надоградува како личност и да се стекне со многубројни вештини како  комуникациски, продавачки, презентациски и многу други кои го прават богато неговото искуство кое е од непроценливо значење за понатамошниот развој и кариера на секој студент и како личност и како професионалец.

14117920_1049732801808823_866679153564732435_n-1

Како член на АИЕСЕК имав можност да бидам делегат на многубројни настани, како  Macedonia Youth to Business Forum и Career Days од каде  успеав да научам нови нешта како на пример за работата во приватниот, но и државниот сектор, за тоа кои се очекувањата на компаниите од студентите и како можам накај нив да се ориентирам и да ги стекнам.

Имав можност да бидам дел и од организацискиот тим на настанот Career Direction, што ги подготвува средношколците за нивните студентски денови. Почувствував како е да се учествува  во организирање настан и кои се сите потребни чекори за активностите, да може истиот да се реализира и да биде успешен. Како тим, научивме да се справувавме со различните проблеми кои ни беа на патот и реализиравме еден успешен настан.

13006500_10209795994086215_4941051157844432815_n

АИЕСЕК ми помогна да станам поотворена и покомуникативна личност, да научам да го менаџирам времето, навреме да ги остварувам сите поставени цели и да се справам со стрес од недостаток на време. Овие вештини успеав да ги применам и во студентскиот живот, што ми се од голема корист.

Со членувањето во оваа органицација, во целост се запознав со начинот на кој таа функционира и колку се важни сите нејзините одделни функционални области, кои се меѓусебно заемно поврзани. Таа коегзистенција се гради и помеѓу нас  членовите на АИЕСЕК. Сите сме како големо семејство во кое секој е спремен да му помогне на другиот во давање на совет, мислење, искуство или поддршка.

Денес, многу сум им благодарна на  оние членови на АИЕСЕК кои пред една година, на штандот на Економски факултет ми дадоа голема мотивација да се зачленам во оваа организација која во целост ме промени и ме изгради како личност и тоа за само една година. Но моето искуство во АИЕСЕК не завршува тука, бидејќи АИЕСЕК е место каде секој има можност да се стекне со непресушни нови знаења, искуства и контакти!

dsdasd

Надоградувањето со нови знаења, искуство, контакти, информации за мене од непроценливо значење, па затоа и натаму ќе напредувам и ќе се надградувам со можностите кои ми ги нуди АИЕСЕК.

Мојата порака до секој студент е: „Ако си студент и сакаш да постигнеш нешто повеќе за време на твојот студентски живот, да се развиеш себеси и да научиш да ги развиваш и тие околу тебе, како и да стекнеш доживотни пријателства, АИЕСЕК е вистинското место за тебе. Аплицирај  веднаш!

Ајде да бидеме најдобрата верзија од себе

Никогаш не сум била од оние студенти на кои студирањето им се сведува само на клупа и предавања. Сакам повеќе, ми треба повеќе. Ми треба дополнително знаење, практично искуство, меки вештини,  патувања, постојано да запознавам нови луѓе.

И сето тоа го добив во АИЕСЕК. Сето тоа и многу повеќе.

За АИЕСЕК дознав уште во средно училиште, бидејќи другари и другарки кои беа на факултет и веќе беа членови ми раскажуваа колку неверојатно искуство имаат и како јас сум баш за во АИЕСЕК и АИЕСЕК е организацијата за мене, па така патиштата ни се вкрстија уште на мојот прв студентски ден пред две години.

Веднаш знаев дека сакам да сум член на функционалната област Marketing. Студирам маркетинг и тоа е мојата страст, пасија и сум решена да дадам се од себе за да се развијам колку што можам повеќе во оваа област, да бидам препозатлив  кадар што компаниите ќе го бараат.

ddddd

Пола година заедно со тимот работевме на креирање промотивни материјали, гостување во ТВ и радио емисии, пишување статии, контактирање со медиуми, физичка промоција, држење на социјални мрежи… Работата постојано ни беше испреплетена со другите функционални области, посебно со Information Management, па така како член на оваа организација, вештините, искуството и знаењето со кои се здобива секој не се граничат само со неговата функционална област.  Една особина на која сакав да работам кај себе да бидам подобар тимски играч,  секогаш повеќе сум била индивидуалец. Токму ова беше мојата мотивација да се пријавам за тим-лидер во областа маркетинг.  На оваа позиција моите задачи и обврски се проширија, сега имав тим кој го водам, тим кој заедно со Потпретседателот на маркетинг треба да го учам, насочувам и мотивирам. Благодарение на ова искуство во АИЕСЕК, денес се сметам за тимски играч.

dsdasd

Сметам дека во животот никогаш не треба да престанеме да се надградуваме и развиваме. Да целиме високо дури и да не го оствариме зацртаното, бидејќи сепак сме отишле понапред од она што сме биле. Новиот предизвик кој си го поставив беше позицијата на NST (National Support Team) Marketing. Правење стратегиски планови за работата на националниот АИЕСЕК комитет, координација на локалните комитети, држење на тренинзи и обуки од областа на маркетингот беа само дел од моите обврски.

fdss

Ова 2-годишно искуство немаше да биде тоа-тоа доколку не беа конференциите на кои присуствував- MOSEM(Macedonian Open Seminar for Education and Motivation) и MILDS (Macedonian International Leadership Development Seminar). Три дена после кои мислиш дека можеш да го освоиш светот. Три дена исполнети со сесии на кои учиш многу за организацијата, за луѓето во неа, за себе, и за своето место во неа. Три дена поминати во дружба, забави и насмевки. И солзи, бидејќи толку кратко траела.

fsdfs

АИЕСЕК ми помогна да создадам една огромна мрежа на контакти. Или би рекла пријателства.

Конференциите се интернационални, па знам дека луѓето кои ги запознав на истите се секогаш спремни да ме прошетаат низ нивниот град ако сум на поминување и имам каде да преспијам.

Она што на почетокот беше формален мејл за гостување во радио денеска е релаксирано кафе. Знам дека кога ќе работам на други проекти понатака, секогаш ќе можам да се ослонам на луѓето кои ги запознав преку АИЕСЕК, поради професионалниот однос и одличната соработка која како организација ја имаме со секој со коj стапуваме во контакт.

fsfsdfsfs Да бидам искрена, на почетокот ми беше тешко да ги ускладам сите активности кои ги имав. Факултет, АИЕСЕК, социјален живот. Среќа што имам најдобри другарки кои се исто толку амбициозни колку мене, па наместо жалење дека не се гледаме многу често, добивам мотивација и поддршка за сето она што го правам.

А зошто го правам ова што го правам? Бидејќи сметам дека е на нас, младите генерации, да го креираме она општество во кое сакаме да живееме. Да ја замениме злобата со љубов, себичноста со помош, тагата со насмевка и подадена рака. Бидејќи сме полни со страст, енергија, ентузијазам и влијателност. За мене воздухот сеуште мириса на магија, барам ново изненадување позади секој агол, си замислувам желби кога пагаат ѕвезди и верувам во љубов на прв поглед. Некои тоа го викаат наивност. Нека го викаат како сакаат. Се додека сме најдобрата верзија од себе, етикетите не значат ништо. Аплицирај  веднаш!

Тамара Илиевска

AIESEC IS RECRUITING

АИЕСЕК е најголемата интернационална организација предводена од млади луѓе која се стреми за постигнување мир во општеството и исполнување на човечкиот потенцијал преку активирање на лидерски способности кај младите. Овозможува развој главно преку практични искуства во земјата во која живеат или интернационални искуства во над 120 земји.

Еден од начините преку кои студентите најмногу можат да ги развијат своите лидерски способности е да бидат дел од оваа организација.

АИЕСЕК нуди 7 области во кои можеш да развиеш нови вештини. Оние кои се дел од функционалните области Outgoing Exchange и External Relation можат да ги развијат своите продавачки и преговарачки вештини заради постојаниот контакт со студенти и компании. Додека во Marketing и Information Management членовите можат да ја развијат креативноста, нивните технички вештини или можеби да го надминат стравот од јавно говорење. Функционалните области базирани на размена (Outgoing Exchange и Incoming Exchange) ја даваат можноста да стапиш во контакт со луѓе во повеќе од 120 земји и да запознаеш многу различни култури и можеби да го развиеш јазикот кој го изучуваш. Оние пак кои сакаат да научат повеќе за правните обврски кои ги има една студентска организација или да менаџираат со финансии тоа го овозможува функционалната област Finance & Legality. Во седмата фунционална област, Talent Management, членовите напорно работат да се осигураат дека тимскиот дух и мотивацијата на членовите во организацијата се на високо ниво и го следат и менаџираат искуството на секој член посебно.

 

Оваа година со аплицирање за влез во оваа организација ја имаш и можноста да одбереш во која област најмногу сакаш да се развиеш и каде најмногу ќе придонесеш за остварувањето на визијата на АИЕСЕК – Мир и исполнување на човечкиот потенцијал.

Аплицирај овде!
Дознај повеќе за функционалните области овде!