15409545_1349957948350717_658416399_o

Приказна од другата страна на светот: Ивона Шукроска

  Обожавам да патувам и да запознавам различни земји и култури. Себе си се сметам за голем авантурист, затоа Азија ми беше предизвик. На пракса бев во Кина, истата се одвиваше во градот Гоангџо, кој е трет најголем град во Кина. Очекував да биде многу различно, некои работи беа дури шокантни. АИЕСЕК често има штандови за промоција во холовите на факултетите, објави на фејсбук, плакати, флаери. Јас конкретно се информирав преку интернет сајтовите кои често споделуваат за новитетите во организацијата. Волонтерската работа нуди повеќе слобода и покреативни активности, повеќе забава, запознавање на нови луѓе и нови места.

kina-1

Мојот проект се одвиваше во Гуангџо, 6 недели, и таму посетив речиси се, од музеи до паркови, потоа бев Хонг Конг кадешто се задржав во традиционалниот дел од градот, па во Гулин, местото со многу интересни  планини и оризовите полиња. За крај ги оставив Шангај и Пекинг за кои признавам дека вистински ме воодушевија.Имаше организирано конференција која ги вклучуваше сите членови од сите проекти во Кина баш мојот град, Гуангџо. Ни беа појаснети некои работи, бевме предупредени за разликите, за културниот шок и слично. Секојдневно имавме различни задачи.

15409545_1349957948350717_658416399_o

Проектот за состоеше од 3 дела запознавање, разбирање и интерпретација. Во првиот дел го запознававме градот и содзававме груба слика за културата на градот, во вториот дел посетивме и учествувавме различни работилници во кои изработувавме најразлични предмети и користевме различни кинески техники и во третиот дел создадовме наши продукти кои се базираа врз заклучоците од првите два дела. Работевме околу 6 часа,а после активностите речиси секогаш целата група продолжуваше со некоја заедничка слободна активност.

kina3

Секако дека работата ми претставуваше задоволство. Работата што ја работевме беше креативна и забавна, а колегите од мојот проект беа прекрасни, кул и забавни. Во текот на денот имавме активности и меѓу паузи, а после активностите секогаш продолжувавме или во некои ресторан, куглана или едноставно седевме на плоштадот покрај Гуангџо ТВ tower и уживавме во погледот кон центарот на градот.

kina-4

Луѓето кои беа одговорни за проектот несомнено беа мили, фини, многу ни помагаа и беа многу љубезни. Речиси со сите станавме блиски пријатели и се дружевме и после активностите. Луѓето пак кои беа мои колеги и ги запознав за време на проектот беа дружељубиви и забавни. Се соочив со многу различни култури, религии, обичаи, но сите беа бескрајно позитивни и добри. Дружењето со сите нив навистина беше тоа што го направи целиот проект да биде поинтересен. Не ни помислував дека може толку многу да се зближиш со луѓе што ги знаеш толку кратко време. Пресреќна сум што стекнав толку мноу пријатели од толку различни места од светот. Праксата беше неверојатен предизвик и искуство и дефинитивно би сакала пак тоа да го  искусам, но овој пат на некоја друга страна од светот.

 kina-5