13006500_10209795994086215_4941051157844432815_nlkjl

Како АИЕСЕК ми помогна мене – Ивана Барбутова

Студент сум во втора година на Економски факултет во Скопје.

За АИЕСЕК дознав  минатата година преку промоција која се одржуваше на мојот факултет, каде што од страна на членовите на организацијата во целост бев информирана за сите можности кои ги нуди АИСЕК.

Се одлучив да аплицирам и да станам член на АИЕСЕК со цел да се оддалечам од монотонијата на секојдневните предавањата и учењето на факултет, а и да ми бидат исполнети деновите. Сепак главната цел ми беше да се развијам како личност, да го пронајдам својот пат во животот и да ги усовршам моите вештини. По поминато интервју, од октомври 2015 сум активен член на АИСЕК како дел од функционалната област Outgoing Exchange. Во оваа област го здобив искуството на EP Manager, што подразбира водење и помагање на практиканти во нивниот процес на барање и аплицирање како на волентерски така и на професионални пракси во странство. Она што најмногу ме исполнува во оваа работа е контактот кој што се воспоставува со потенцијалните практиканти, но и со странските ентитети во другите држави. Прекрасно е чувството кога ќе успееш да му овозможиш незаборавно стекнато искуство на судентот практикант во странство.

12042855_10153724419228623_5691017165457926288_n

Покрај практикантите што ги испраќаме, имаме и практиканти од други држави кои доаѓаат на пракса во нашата држава. Така на пример, ова лето на волонтерска пракса дојдоа практиканти од  Кина, Азрбеџан, Германија, Литванија, Романија и Србија кои работеа на проектот Green Up. Со помош на овој проект тие настојуваа да ги едуцираат децата од Детското Село во Скопје за важноста на животната средина. Покрај нивната работа, тие успеаа и да посетат многубројни турустички места во Македонија, да се дружат со нас, членовите на АИСЕК и да ја откријат нашата традиција, храна, музика и култура.

Сметам дека АИСЕК е организација која на директен и индиректен начин му овозможува на секој негов член да се надоградува како личност и да се стекне со многубројни вештини како  комуникациски, продавачки, презентациски и многу други кои го прават богато неговото искуство кое е од непроценливо значење за понатамошниот развој и кариера на секој студент и како личност и како професионалец.

14117920_1049732801808823_866679153564732435_n-1

Како член на АИЕСЕК имав можност да бидам делегат на многубројни настани, како  Macedonia Youth to Business Forum и Career Days од каде  успеав да научам нови нешта како на пример за работата во приватниот, но и државниот сектор, за тоа кои се очекувањата на компаниите од студентите и како можам накај нив да се ориентирам и да ги стекнам.

Имав можност да бидам дел и од организацискиот тим на настанот Career Direction, што ги подготвува средношколците за нивните студентски денови. Почувствував како е да се учествува  во организирање настан и кои се сите потребни чекори за активностите, да може истиот да се реализира и да биде успешен. Како тим, научивме да се справувавме со различните проблеми кои ни беа на патот и реализиравме еден успешен настан.

13006500_10209795994086215_4941051157844432815_n

АИЕСЕК ми помогна да станам поотворена и покомуникативна личност, да научам да го менаџирам времето, навреме да ги остварувам сите поставени цели и да се справам со стрес од недостаток на време. Овие вештини успеав да ги применам и во студентскиот живот, што ми се од голема корист.

Со членувањето во оваа органицација, во целост се запознав со начинот на кој таа функционира и колку се важни сите нејзините одделни функционални области, кои се меѓусебно заемно поврзани. Таа коегзистенција се гради и помеѓу нас  членовите на АИЕСЕК. Сите сме како големо семејство во кое секој е спремен да му помогне на другиот во давање на совет, мислење, искуство или поддршка.

Денес, многу сум им благодарна на  оние членови на АИЕСЕК кои пред една година, на штандот на Економски факултет ми дадоа голема мотивација да се зачленам во оваа организација која во целост ме промени и ме изгради како личност и тоа за само една година. Но моето искуство во АИЕСЕК не завршува тука, бидејќи АИЕСЕК е место каде секој има можност да се стекне со непресушни нови знаења, искуства и контакти!

dsdasd

Надоградувањето со нови знаења, искуство, контакти, информации за мене од непроценливо значење, па затоа и натаму ќе напредувам и ќе се надградувам со можностите кои ми ги нуди АИЕСЕК.

Мојата порака до секој студент е: „Ако си студент и сакаш да постигнеш нешто повеќе за време на твојот студентски живот, да се развиеш себеси и да научиш да ги развиваш и тие околу тебе, како и да стекнеш доживотни пријателства, АИЕСЕК е вистинското место за тебе. Аплицирај  веднаш!