Денови на Кариера 2017: RECAP

Пред околу еден месец на Економскиот Факултет, го одржавме настанот „CareerDays’17“. Атмосферата беше неверојатна и полна со енергија.

Благодарејќи на веселиот и мотивирачки дух на делегатите, успеавме да создадеме простор за учење, разменување идеи, знаења и искуство.

Настанот започна со пречкот на делегатите и претставниците од компаниите учесници и поддржувачи. Истиот беше официјално отворен со прекрасните зборови на проектниот менаџер Александар Илијевски, Марија Ивковиќ – претседател на локалниот комитет на АИСЕК Скопје и Маријана Секуловска – одговорна за секторот на Кариерниот Центар. Топлото добредојде ги подготви сите учесници за денот што ги очекуваше.Настанот започна со пречкот на делегатите и претставниците од компаниите учесници и поддржувачи. Истиот беше официјално отворен со прекрасните зборови на проектниот менаџер Александар Илијевски, Марија Ивковиќ – претседател на локалниот комитет на АИСЕК Скопје и Маријана Секуловска – одговорна за секторот на Кариерниот Центар. Топлото добредојде ги подготви сите учесници за денот што ги очекуваше.

DSC_0108

Отварањето и пречекот продолжи со поделба на студентите во работилници.

Настанот со својот концепт се погрижи за секој делегат да научи нешто ново и да се стекне со незаборавно искуство. Организацијата преку работилници со мали групи на студенти беше доста погодна идеја каде што се овозможи доволен простор и доволно ресурси со што се оствари целта -да се посвети внимание на секој учесник.

Претставниците од ПроКредит Банка решија да ја организираат работилницата доста динамично. Презентација, мини обука и интервјуа – вистинско искуство.

Работилницата на Охридска Банка посвети внимание на меки вештини и способности на иднината. Преку презентации и дискусија ги доловија највиталните карактеристики во кариерата.

EOS Матрих се издвоија со својата посебна работилница. Вистинска тимска работа и едноставна задача – да се изработи проект и да се дефинира една вештина важна за овој динамичен свет кој континуирано се менува.

Sparkasse посветија внимание на правилниот процес на апликација за работа. Интервју, резиме и краток преглед на трикови за тоа како работодавците ги одбираат своите вработени.

Изработка на осигурителни полиси, осигуруваање и добро подготвени презентации – подготовка за првите неколку чекори кон добивање на работа од соништата. Ова беше работилницата на Кроација Осигурување.

И секако ЕВН пристапија со симулација на интервјуа и им овозможија на студентите да осознаат повеќе за тоа како работи секторот на енергетиката во Македонија.

По работилниците, делегатите учествуваа во панел дискусијата и го добија одговорот на прашањето „Како до поголема вредност на студентот пред работодавецот“. Искуството и знаењето на панелистите се преточи во дискусија од неверојатно значење за присутните.

DSC_0272

Партнерството на АИСЕК Скопје со Економскиот Факултет при У.К.И.М – Скопје, го овозможи ова 21во издание на „CareerDays“. Настанот беше посетен од 160 делегати. Огромна чест ни претстави присуството на секој делегат, мудроста на секој учесник и поддршката на сите оние кој се заслужни за успехот на овогодинешниот Career Days.