15310826_1341372962542549_976553841_o

Волонтерско искуство кое не може да се заборави- Сара Божиноска

Ова беше прв пат да заминам надвор од Република Македонија сама. Многу долго размислував што би можела да правам цело лето дома и на крај се одлучив да одам на пракса преку АИЕСЕК со цел да излезам надвор од комфортната зона.

Праксата ја започнав на 1 Јули 2016 година и траеше се до 12 Август 2016. Градот во кој што ја извршував мојата пракса беше во Вроцлав, Полска.

a1

Мојата задача на оваа пракса беше да им предавам основно ниво на англиски јазик на деца од 5 годишна возраст до 18 годишна возраст. Зa време на праксата рaботевме во три различни детски центри со тоа што го менувавме нашето работно место на секои две недели.

a2

Во просек моето работно време траеше од 9 часот па се до 15 часот. Но, во последниот центар бидејќи работевме со деца со посебни потреби ни беше скратено работното време, па затоа и одевме од 9 часот па се до 13 часот. Отсекогаш сум сакала да работам со деца и да си играм со нив. Со повозрасните склопив пријателства и многу научив за нив и нивната култура и јазик.

a3

Пред да заминам на пракса ми беше малку страв за тоа како ќе се снајдам во туѓа држава. Иако студирам на англиски јазик, многу често ми се случуваше да ми биде срам да зборувам и да се искажам со страв да не направам граматички грешки во речениците. Меѓутоа, кога отидов на праксата и кога сфатив дека единствен јазик за комуникација ми е англискиот, се опуштив и почнав да сфаќам дека безпричински сум се грижела. Оваа пракса ми помогна да сфатам дека имам јак карактер и дека можам да издржам сама и да се снајдам сама во држава во која и не разбираат англиски јазик. Но, најмногу сум благодарна што се запознав со луѓе од целиот свет на кои успеав да им ја раскажам мојата приказна и истовремено да ги слушнам и нивните животни приказни.

a4

Оваа пракса ми овозможи да се запознаам со нови пријатели од сиот свет и со поголемиот дел од нив останав во контакт. Иако за сега поминаа само два – три месеци, јас барем еднаш неделно контактирам со нив и си разменуваме интересни приказни за тоа што  ни се случува во нашиот живот.

a5

Сите оние кои размислуваат да одат на пракса во друга држава преку АИЕСЕК, ве советувам да аплицирате и да не размислувате премногу. Бирајте места каде што досега не сте биле, бидејќи ќе научите многу интересни работи за другите култури и јазици. Преубаво искуство е и ќе стекнете голем број на пријателства кои тешко се забораваат.