ddd

Ајде да бидеме најдобрата верзија од себе

Никогаш не сум била од оние студенти на кои студирањето им се сведува само на клупа и предавања. Сакам повеќе, ми треба повеќе. Ми треба дополнително знаење, практично искуство, меки вештини,  патувања, постојано да запознавам нови луѓе.

И сето тоа го добив во АИЕСЕК. Сето тоа и многу повеќе.

За АИЕСЕК дознав уште во средно училиште, бидејќи другари и другарки кои беа на факултет и веќе беа членови ми раскажуваа колку неверојатно искуство имаат и како јас сум баш за во АИЕСЕК и АИЕСЕК е организацијата за мене, па така патиштата ни се вкрстија уште на мојот прв студентски ден пред две години.

Веднаш знаев дека сакам да сум член на функционалната област Marketing. Студирам маркетинг и тоа е мојата страст, пасија и сум решена да дадам се од себе за да се развијам колку што можам повеќе во оваа област, да бидам препозатлив  кадар што компаниите ќе го бараат.

ddddd

Пола година заедно со тимот работевме на креирање промотивни материјали, гостување во ТВ и радио емисии, пишување статии, контактирање со медиуми, физичка промоција, држење на социјални мрежи… Работата постојано ни беше испреплетена со другите функционални области, посебно со Information Management, па така како член на оваа организација, вештините, искуството и знаењето со кои се здобива секој не се граничат само со неговата функционална област.  Една особина на која сакав да работам кај себе да бидам подобар тимски играч,  секогаш повеќе сум била индивидуалец. Токму ова беше мојата мотивација да се пријавам за тим-лидер во областа маркетинг.  На оваа позиција моите задачи и обврски се проширија, сега имав тим кој го водам, тим кој заедно со Потпретседателот на маркетинг треба да го учам, насочувам и мотивирам. Благодарение на ова искуство во АИЕСЕК, денес се сметам за тимски играч.

dsdasd

Сметам дека во животот никогаш не треба да престанеме да се надградуваме и развиваме. Да целиме високо дури и да не го оствариме зацртаното, бидејќи сепак сме отишле понапред од она што сме биле. Новиот предизвик кој си го поставив беше позицијата на NST (National Support Team) Marketing. Правење стратегиски планови за работата на националниот АИЕСЕК комитет, координација на локалните комитети, држење на тренинзи и обуки од областа на маркетингот беа само дел од моите обврски.

fdss

Ова 2-годишно искуство немаше да биде тоа-тоа доколку не беа конференциите на кои присуствував- MOSEM(Macedonian Open Seminar for Education and Motivation) и MILDS (Macedonian International Leadership Development Seminar). Три дена после кои мислиш дека можеш да го освоиш светот. Три дена исполнети со сесии на кои учиш многу за организацијата, за луѓето во неа, за себе, и за своето место во неа. Три дена поминати во дружба, забави и насмевки. И солзи, бидејќи толку кратко траела.

fsdfs

АИЕСЕК ми помогна да создадам една огромна мрежа на контакти. Или би рекла пријателства.

Конференциите се интернационални, па знам дека луѓето кои ги запознав на истите се секогаш спремни да ме прошетаат низ нивниот град ако сум на поминување и имам каде да преспијам.

Она што на почетокот беше формален мејл за гостување во радио денеска е релаксирано кафе. Знам дека кога ќе работам на други проекти понатака, секогаш ќе можам да се ослонам на луѓето кои ги запознав преку АИЕСЕК, поради професионалниот однос и одличната соработка која како организација ја имаме со секој со коj стапуваме во контакт.

fsfsdfsfs Да бидам искрена, на почетокот ми беше тешко да ги ускладам сите активности кои ги имав. Факултет, АИЕСЕК, социјален живот. Среќа што имам најдобри другарки кои се исто толку амбициозни колку мене, па наместо жалење дека не се гледаме многу често, добивам мотивација и поддршка за сето она што го правам.

А зошто го правам ова што го правам? Бидејќи сметам дека е на нас, младите генерации, да го креираме она општество во кое сакаме да живееме. Да ја замениме злобата со љубов, себичноста со помош, тагата со насмевка и подадена рака. Бидејќи сме полни со страст, енергија, ентузијазам и влијателност. За мене воздухот сеуште мириса на магија, барам ново изненадување позади секој агол, си замислувам желби кога пагаат ѕвезди и верувам во љубов на прв поглед. Некои тоа го викаат наивност. Нека го викаат како сакаат. Се додека сме најдобрата верзија од себе, етикетите не значат ништо. Аплицирај  веднаш!

Тамара Илиевска